• Mon. May 20th, 2024

Фото и Видео: ЖФК Тиверија како империја – ја освои КУП титулата против Драгон

ByВане Трајков

May 30, 2018

Одиме Јако….. Тиверија Империја……. Напред плави…….Ова се само дел хаштаговите  кои ЖФК Тиверија ги објави на својата фан страна, откако денес го надигра Драгон со 5:0 во финалето од КУП натпреварувањето на Македонија и се закитија со злато

Струмичанки во дуелот за титулата во секој сегмент блескаа и не дозволија драгонки да се надеваат на било што. Победата ја најави Теодора Димоска при крајот на првото полувреме а во вторите 45 минути на теренот како да играше само струмичкиот состав. Капитенката Александра Ристовска, Рабиа Дервиши и Ангела Стојковска која беше двоен стрелец ставија печат на убедливата победа за освојување на титулата

ЖФК Тиверија заедно со тимот на Драгон беа двата тима кои го водеа главниот збор во жанскиот фудбал во Македонија

видеото е превземено од www.gol.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *