• Mon. May 20th, 2024

ФК „Бера Струмица“ во друштвото на најдобрите европски и светски клубови на самитот „TransferRoom“

ByЃ. K.

Nov 14, 2023

Фудбалски клубот „Бера Струмица“ доби покана и се најде во друштвото на најдобрите европски и светски клубови на самитот насловен како „TransferRoom“ во Лисабон Португалија. На самитот клубот го преставуваа Леонардо Алеоти член на сопственичката структура на клубот и Јован Симиќ генерален директор на клубот.

На овој настан учествуваат околу 300 клуба и целиот свет меѓу кои и преставници на Манчестер Сити, Јувенутс, Рома, Челзи, Севиља, Милан, Интер Мајами, Гремио, Ајакс како и други големи клубови.

Брера е единствен клуб од Македонија кој учествува на најголемиот состанок на професионални клубови од целиот свет. Алеоти и Симиќ имаа болем број на состаноци на кои ја промовираа работата на клубот но и компанијата Брера Холдинг. Направени се и важни контакти кои во иднина на нашиот клуб отвораат можност за соработка со најголемите светски клбуови на повеќе полиња.

By Ѓ. K.