• Sun. May 19th, 2024

Филипче: Околу 200 луѓе кои доаѓаат од ризичните подрачја ќе бидат во карантин во касарната во Пепелиште

ByВане Трајков

Mar 17, 2020

Околу 200 луѓе, кои се наши државјани и беа на унгарско-српската граница ќе дојдат на Деве Баир со организиран превоз. Тие работеле во ризичните подрачја во Италија и Австрија. Точно знаеме кога ќе се интервјуираат и ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште, каде се обезбедени сите услови – кажа  Филипче на денешната прес конференција.

Според него, се очекува бројот на заболени да се зголемува. Тој поворно апелираше до граѓаните да ги почитуваат сите препораки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *