• Sun. May 19th, 2024

Учиме Прва помош со најмладите-Пхв Проект на Црвен Крст

Клубот на млади волонтери при Црвен Крст -Струмица беа во централната детска градинка Детска Радост, таму беше реализиран ПХВ проектот Учиме Прва помош со најмладите, инаку проектот е на  младата волонтерка Катерина Накова.

Околу 120 дечиња од оваа градинка имаа можност да се запознаат со првата помош, што се прави кога некој е во бесознание, младите дечиња учеа за преврски, за вештачко дишење  и се што е во доменот на оваа област, а секако од големо значење за сите па дури и за најмладите.

Исто така тие добија боенки и флаери со најважните телефонски броеви и тоа на полицијата, брзата помош како и пожарната, бидејќи тие броеви се доста важни и би било потребно и најмладите да ги знаат.DSC_0278-800x445

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *