• Mon. May 20th, 2024

Улицата „Цветан Димов“ под вода – жителите бараат побрзо решавање на инфраструктурата

Жителите на улицата „Цветан Димов“ се жалат дека при секој дожд е невозможно да се помине улицата. Станува збор за улица во населбата Софилар, во близина на градскиот стадион „Младост“ којашто до недодамна беше дивоградба. Овие објекти се легализираа со измените на законот за легализација на дивоградби, а станарите бараат и решавање на инфраструктурата во тој дел од градот. Од општина Струмица велат дека овие улици нема да останат без инфраструктура, но се бараат средства за нивна реализација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *