• Sat. May 18th, 2024

Угостителите бараат да има жива музика и на маса да седнат повеќе од четири лица

Угостителите бараат да има жива музика и на маса да седнат повеќе од четири лица

Угостителите бараат укинување на ограничувањето на работното време, на маса да можат да седат повеќе од 4 лица и да има жива музика.

-Дел од угостителските објекти традиционално имаат групи кои вршат анимација на гостите, од кои објектот зависи. Тоа што во моментов е ускратено правото на музичарите, не е проблем само загуба што ја трпат музичарите, туку проблем е што губат и угостителските објекти“, изјави претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.Тој смета дека е голема неправда доколку Владата или било кој министер мисли дека со одлука ќе се додели финансиска помош само на едни, а другите ќе бидеме набљудувачи и ќе гледаме како тие пари ги насочуваат за друга употреба.

Од НУК информираа дека ќе промовираат сертификати за безбедна зона, што значи дека кафулињата и рестораните кои имаат таков сертификат задолжително ќе мора во затворениот дел да имаат прочистувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *