• Fri. May 24th, 2024

Турски државјанин со пенкало го преправал пасошот на „Стар Дојран“

ByЃ. K.

Sep 19, 2023

На 18.09.2023 во 03.50 часот на Граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(56) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека датумот на важност на неговата патна исправа бил преправан со пенкало. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.