• Sat. May 11th, 2024

Туристите информирани дека не смеат да внесуваат храна во Грција-на одмор со празен багаж

Туристите кои патуваат во Грција се запознаени со забраната за влез на храна во државата. Преку медиумите, но и од нивни блиски кои биле пред нив, дознале дека повеќе не можат да одат со храна на одмор. Велат дека се релаксирани, бидејќи багажот им е празен.

Некои патниците кои биле повеќепати на викенд во Грција, пак, велат дека досега грчката граница ја минувале без проблеми. Никој не ги прашувал што носат, ниту им барале да го покажат багажот.

Според грчките власти не станува збор за нов закон, туку почнале со спроведување на одредбите на Европската Унија според кои, не смее да се внесува храна која не е произведена во Европската Унија, освен храна за бебиња и миленичиња. Дозволено е и внесување на вакумирана храна произведена во земја членка на Унијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *