• Thu. May 16th, 2024

Тримери на Фестивал во Бурса Турција и осум дена ќе ги преставува македонските ора !

Aнсамблот ,,Тримери,, ќе ја преставува Македонија на меѓународниот фестивал на народни ора и танци ,,Бурса Накем Балкан фестивал ,, што по 12 ти пат се одржува во Бурса Турција. Станува збор за реномиран фестивал каде речиси сите балкански држави го презентираат своето културно богатство преку традиционалните ора и танци.

Според информациите ансамблот ,,Тримери,,  кој отпатува со состав од 40 члена, на фестивалот во Бурса ќе се престави со повеќе кореографии а македонскиот изворен мелос преку народните носии , ора и танци испреплетени со македонските обичаи и традиции ќе го презентираат до 15 септември

Учеството на струмичкиот ансамбл Тримери  на фестивалот во Бурса е по препорака на  Алил Салим Галич од здружението Есе од Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *