• Mon. May 20th, 2024

Три кандидатури за градоначалник и осум советнички листи за изборите во Струмица

ByВане Трајков

Sep 13, 2021

Во  општина Струмица за функцијата градоначалник има доставено три кандидатури  додека за место во Советот се пријавени осум советнички листи. Вака ни изјави Снежана Паљошкова претседател на ОИК Струмица со оглед дека завчера на полноќ беше крајниот рок за доставување на кандидатурите за градоначалник и советнички листи за престојните локални избори закажани за 17 октомври.

За градоначалник на општина Струмица кандидатури имаат предложено Интегра – Македонска конзервативна партија  со Васе Витанов, коалицијата на СДСМ со Костадин Костадинов и коалицијата на  ВМРО ДПМНЕ со Жан Дрвошанов

За место во Советот во општина Струмица, листи имаат доставено , група избирачи од Шефкет Асанов,  Демократска  партија на турците , Единствена Македонија, Интегра- Македонска конзервативна партија, граѓанската група ,,Стига е’, коалицијата на ДОМ и ЛДП,  СДСМ со коалицијата и ВМРО ДПМНЕ со коалицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *