• Tue. May 14th, 2024

Теренската вакцинација ќе ја организира секој директор на здравствен дом

Теренската вакцинација ќе ја организира секој директор на здравствен дом

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека теренската вакцинација против Ковид-19 треба да почне од следната недела.

-Теренската вакцинација ќе ја организира секој директор на здравствен дом, во зависност од бројот на жители во помалите места, во руралните места, начинот на кој ќе се искомуницира и ќе почне од почетокот на следната недела, рече Филипче и изрази надеж дека со тоа ќе се зголеми опфатот со вакцинација.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче информира дека вчера имале состанок со директорите на сите здравствени домови.  – Оваа недела се вакцинираат нешто над 60.000 граѓани кои се пријавени за вакцинација. Денеска завршува тој процес во повеќе здравствени домови, останува во спортските сали за масовна имунизација. Останува во Скопје, во Тетово и во Битола, рече Филипче 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *