• Thu. May 16th, 2024

Таневски веќе не е кормилар на Академија Пандев

ByВане Трајков

Sep 14, 2020

Поразот од велешки Борец во петтото коло значеше крај на престојот на Александар Таневски на клупата на струмичкиот прволигаш Академија Пандев.

Младиот стратег си поднесе оставка, која управата на струмичани ја прифати. Лошите резултати на стартот од новата прволигашка сезона беа причината за оваа одлука на 37-годишникот. Неговата екипа запиша само една победа и дури четири порази, што беше доволно за претпоследно место на табелата. Пандевци го совладаа само тимот на Струга на останатите четири натпревари загубија, па се претпоследни на табелата, со послаб биланс само од градскиот ривал Беласица Струмичкиот прволигаш има само една победа во интервал од единаесет месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *