Регион

„Таа“ со Оливера Аризанова

Во Националниот центар за култура „Антон Панов“ во Струмица вечерва со почеток во 20.30 часот ќе биде изведена монодрамата „Таа“ од Даниела Колева, во режија на Васил Михаил.

Монодрамата „Таа“ е работена по текст на бугарската авторка Даниела Колева.

За авторката на текстот „Таа“ е исповед напишана од нејзино и од името на повеќето жени кои битисуваат на овие географски ширини.

Се работи за проект со универзални пораки, во кој во центарот на интересирањето е жената како столб на семејството, како повеќевековен еманципациски проблем и како повеќеслојна компонента на животот и општеството воопшто, сето тоа пренесено на сцена преку играта на актерката Оливера Аризанова.

 

12472750_1156380984414694_4430093596818268377_n

 

Препорачуваме:

Дождовите и високите температури предизвикаа болести кај пиперот

Се одржа првиот фудбалски турнир, ученици против наставници

Ѓ. K.

Во дворот на ООУ Сандо Масев се садеа дрвца и се одбележа Денот на лицата со посебни потреби

Ване Трајков