• Mon. May 20th, 2024

Струмичките млади пијансити со први награди на меѓународен натпревар во Аранѓеловац, Србија

Три први места за младите пијанисти на струмичкото музичко училиште „Боро Џони“. Петтоодделенецот Дени Николов и седмоодделенската Мартина Пачоова од класата на професорката Ленче Мазнејкова, како и петтоодделенската Васја Стојанов од класата на професор Зоран Мазнејков се вратија со први награди од Меѓународниот натпревар во пијано во Аранѓеловац, Република Србија.

Пред десетина денови, пак, Јулијана Јанев, од класата на професорот Мазнејков освои втора награда на меѓународниот натревар по пијано во Шабац, Република Србија.

Овогодинешните меѓународни концерти почнаа на почетокот од февруари со учеството на деветгодишната Ана Мазнејкова на меѓународниот натпревар по пијано во Белград, каде освои прва награда и златен медал

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *