• Tue. May 14th, 2024

Струмичка промоција на краткиот роман за деца „Не паркирај, гаража“ на Трајче Кацаров

Наградениот краток роман за деца „Не паркирај, гаража“ од Трајче Кацаров денеска беше промовиран пред струмичката публика. Најмладите читатели ги слушаа палавштините и авантурите на децата од Чушкоград, а приказната се движи од недоразбирањето помеѓу децата и возрасните, па завршува со помирување.

Писателот Киро Донев бил во жири комисијата за доделување на наградата за децањ Ванчо Николески во Друштвото на писателите на Македонија. Тој вели дека го освоила уникатната приказна и тоа била една од причините да се одлучат токму овој роман да ја добие престижната награда.

Авторот Кацаров со присутните сподели сеќавања од своето детство, а откри и дека романот има автобиографски моменти.

Писателот Трајче Кацаров има објавено четиресетина книги поезија, проза, романи, есеи, драми, пиеси и поезија за деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *