Регион

Струмичани реагираат на запрежните коли во центарот на градот од каде се продава зеленчук

Зачести појавата на продажба на овошје и зеленчук од запрежни возила среде центарот на Струмица. Граѓаните реагираат дека се кочи сообракајот, се создава гужви со продажбата а од изметот на коњите се шири непријатна реа. Најпогодени се улиците Братство и единство, Васил Сурчев, Панче Пешев . Таму сопственици со запрежни возила продаваа праски, лубеници, домати .Запрежните коли беа паркирани на улицата додека коњите во дворовите на околните згради. Никој не знаше кој се сопствениците а дел од луѓето што ги затекнавме тврдат дека немало каде да го продаваат своето производство и постојано биле на удар од инспекциите и од полицијата.

Одговорните институции велат дека постојано се интервенира на овие улици, но појавата добива интензитет. До нив стасуваат реакции од граѓани кои се жалат на непријатната миризба. Доаѓало и до вербални конфликти мегу загрижени станари и продавачите од запрежни возила. Граѓаните не сакаа јавно да зборуваат. Велат дека сликата говори само по себе со запрежните возила во центарот на градот

Препорачуваме:

Видео: „Алиса во земјата на чудата“ на младите струмички музичари

Сузана Мицева

Домот на културата во Гевгелија продолжува со работа

Стојне Митева

Во контрола на полицијата вчера откриени 101 прекршок од кои 85 за брзо возење

Ване Трајков