Регион

Струмичани на меѓународен натпревар по гитара во Ниш, Србија. Професорот Пиличев и дел од жирито

Од 27 до 29 мај во Ниш, Србија ќе се одржи меѓународен фесивал по гитара. Основното музичко училиште ќе учествува со шест ученици меѓу кои двајца се соло, Кире Понов и Ивана Пакетов, а другите се дуо гитари: Митко Витанов и Кирил Ичков, како и Велјан Дојчинов и Стефан Локов. Нивниот ментор, Васко Пиличев се надева на успеси: „Ова е уште еден меѓународен натпревар пред крајот на учебната година. Патувам со големи очекувања од моите ученици кои годинава се претставија одлично каде и да учествуваа. Сметам дека тие се најзаслужни за успехот, бидејќи напорно и посветено вежбаа“, рече професорот Васко Пиличев. Тој воедно е и дел од меѓународното стручно жири на натпреварот. Во жирито се и Вера Огризовиќ, Белград, Србија, Фабио Барбагало, Соларино, Италија, Иван Андонов, Ќустендил, Бугарија, Александар Хаџи Ѓоргевиќ, Белград, Србија, Весна Петковиќ, Ниш, Србија, Братислав Златковиќ, Ниш, Србија, Милкица Понјавиќ, Белград, Србија и Љубислав Ангелковиќ, Лесковац, Србија.

Препорачуваме:

Сушите закана за лозовите насади

Патот Струмица – с.Просениково целосно во прекин поради сообраќајка

Ѓ. K.

Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар

Ване Трајков