• Tue. May 14th, 2024

Струмица и понатаму високо на листата меѓу најзагадените градови во земјава

Струмица и понатаму високо на листата меѓу најзагадените градови во земјава.Од извештаите на министерството за животна средина кои ги вршат и мерењата за квалитетот на воздухот покажуваат параметри кои за Струмица се алармантни.Струмица важеше за град со ниска загаденост ,но по поставувањето на мерната станица во кругот на општата болница почнаа да се читаат и првите резултати.

Денес стапивме во контакт и со општинските власти кои велат дека инспекторите по животна средина се терен, ги контролираат стопанските објекти каков материјал ги користат за загревање и производтво во нивните погонио.Но работеле и по повик на загрижени граѓани.

Од таму не прецизираа кога точно ќе биде поставена новата мерна станица која е предвиденои да се лоцира во централното градско јадро односно на плоштадот па така ќе имале и појасна слика околу бројхките кои покажуваат како се движат параметрите на загаденост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *