• Sat. May 18th, 2024

Струма Геотермика трета по есенскиот дел во кадетскиот ракометен шампионат

ByВане Трајков

Oct 29, 2018

Кадетките на  ЖРК СТРУМА-Геотермика го завршија есенскиот дел од првенството.  Со пет победи и три пораза струмичките надежни ракометарки напролет ќе стартуваат од третата позиција со вкупно 15 бода веднаш зад Металург и Шампион.

Во рамките на последното коло претрпеа пораз од Шампион Скопје со резултат од 21:26. Струмичанки не можеа да се спротистават на скопјанки во чии редови имаше повозрасни и поискусни ракометарки  наспроти струмичанки кои претежно се родени 2004 тата

,, Задоволни сме од ракометарките на ЖРК СТРУМА-Геотермика кои до крајот на натпреварот играа со цел да го достигнат резултатот и што е најважно не се предадоа во ниеден момент и покажаа инзвонредна борбеност. Голема благодарност и до публиката која на секој натпревар е во се поголем број,, информираа од Струма Геотермика

Шансите за Фајнал-Фор не се изгубени. како што истакнаа од стручниот штаб во вториот дел од сезоната ќе се продолжи со исто темпо и со иста цел струмичанки да играат за кадетска титула

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *