• Sun. May 12th, 2024

Струма Геотермика не го дава врвот во кадетската лига, ја прокнижа и петата победа

ByВане Трајков

Oct 16, 2018

Кадетките на ЖРК Струма – Геотермика ја забележаа петата  победа во својата лига откако на свој терен против ЖРК Делечво Вардар забележаа победа со 28:20. Со ова победа струмичанки остануваат во трка за разигрување за титулата кадетски шампион на Македонија. Со пет победи и два пораза, тимот на Митко Белмезов се на третата позиција во Групата 1

Против Делчево Вардар, струмичанки лошо стартувале но со тек на играта успеале да ги консолидираат сопствените редови  и да дојдат до предност од 4 гола  по првото полувреме. Во второто се разигра и голманката Марија Грковска која направи серија одбрани  а на спротивната страна Софија Грковска ги реализирала контрите што беше преголем залак за гостинскиот тим да направи некаков подвиг

Најефикасна кај ЖРК Струма Геотермика биле Сара Стојанова со 9 погодока, Софија Грковска со 6 и Добрица Милчевска со 5 гола

Следното коло струмичанки се слободни во последното есенско коло го пречекуваат тимот на второпласираниот Шампион што ќе биде и дерби во 9 коло

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *