• Wed. May 15th, 2024

Стотици купувачи во неизвесност со платените нарачки од Нефа мебел

ByВане Трајков

May 25, 2019

Српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ завчера без најава ги затвори сите продавници во Македонија, а стотици купувачи без можност да ги добијат однапред платените нарачки. Во Македонија, компанијата има  продавници во Скопје  Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово Струмица, но вчера попладнето сите одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките. Неофицијално, десетици струмичани останаа без  платените нарачки . Српските медиуми објавија дека руската ,,Спилит’’ која го произведува мебелот а го продава ,,Нефа’’, пред три дена преку ноќ побегнале од Врање Србија и оставиле долгови и околу 300 работници без работа заради што во неизвесност се купувачите во Србија и Македонија каде ова комапнија има своја трговска мрежа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *