• Sun. May 19th, 2024

Стар Дојран втор ден без вода

Стар Дојран е втор ден без вода поради дефект на пумпа од бунарското подрачје во областа Деребаш. Од општината велат дека прегорел мотор на една од пумпите и неговата замена била многу бавна поради непристапниот терен.

Наместо со механизација целиот процес одел речиси рачно поради длабочината од околу 50 метри.

Граѓаните велат дека со вода се снаоѓаат од природни чешми и од цистерните коишто го снабдуваат целото место со вода.

Од комуналното претпријатие Полин велат дека ќе работат цела ноќ за од утре водоводната мрежа да биде во функција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *