• Sat. May 18th, 2024

Стадионот Олимпико во солзи, капитенот Франческо Тоти се прости со Рома

ByDimitar Micev

May 29, 2017 #Свет

Светскиот фудбал повеќе нема да биде ист, затоа што уште една легенда реши да ги закачи копачките на клин. Франческо Тоти, легендата на Рома и италијанскиот фудбал го одигра последниот фудбалски танц и ѝ кажа збогум на најважната споредна работа во светот.
Целиот „Олимпико“ му аплаудираше на долгогодишниот капитен и живата легенда, а потоа прсна во плач и скандираше „Само еден е наш капитен!“. Јуначкото срце на Тоти исто така не издржа, па и тој прсна во плач и им се поклони на навивачите кои беа со него и во добро и во зло.
Тоти беше дел од Рома од далечната 1989 година. За тимот одигра 786 натпревари и постигна 307 гола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *