• Sat. May 18th, 2024

Спрат од новиот болнички крак во струмичката болница ќе стане ковид центар

ByВане Трајков

Oct 24, 2020

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница  со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од Југоистокот . Спратот е опремен со легла и сите соби имаат централен довод на кислородна подршка и за него ќе се прави посебен влез. Ова е договорено на средбата со министерот за здравство Венко Филипче кој престојуваше во Струмица за да се изнајдат решенија заради се поголемиот број на позитивни во регионот

Персонал од сите одделенија на струмичката одделенија  ќе ротираат за лекување и третман на ковид пациентите . Министерот  Филипче најави дека во Струмица ќе работат и лекари од скопските клиники

Во Струмица и регионот во моментов има околу 400  активни  случаи со коронавирус. Досега починаа 22 лица од компликации на вирусот. Пациентите со потешка клиничка слика се препраќаат во Скопје а во моментов во струмичакта болница на инфективно и на дневните ковид амбуланти се лекуваат 50 тина пациенти

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *