• Fri. May 17th, 2024

Спас за Валандово ја блокираше клучката кон Пирава и Марвинци – сакаат референдум

ByВане Трајков

Jun 13, 2017

Активистите од Спас за Валандово со блокада на клучката Валандово-Пирава-Марвинци бараат општинските власти да закажат седница на која ќе се донесе одлука за референдумско изјаснување за отварање или не рудници во нивната општина но и стопирање на изградбата на рудникот Казандол. Тие изминатата недела до претседателката на Советот ги доставија потребните законски потписи што ги собраа во канцеларијата на ДИК како еден од начините да се дојде до Референдум. ,,Спас за Валандово,, инсистираше седница на Совет да имаше вчера за да може на 9 јули да се одржи референдумот, но претседателката на Советот Јасмина Сечкова не закажа седница.

Таа се обрати со соопштение во кое наведува дека поптписите се доставени и седница ќе закаже во законскиот предвиден рок без да прецизира кога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *