Регион

СОУ „Никола Карев„ од Струмица со „Јин и Јанг„ на струмичкиот карневал

Повеќе од 100 ученици од СОУ „Никола Карев„ од Струмица ќе продифилираат низ струмичките улици на утрешниот карневал, а преку игра и забава ќе се обидат доброто и злото да го спојат во едно. „Јин и Јанг„ е насловена нивната овогодишна маска, во која вложија повеќе од три месеци за изработка на истата.

На учениците од средното училиште „Никола Карев„ годинава ќе им се приклучат и основците од турската националност од училиштето „Маршал Тито„од Струмица. На овој начин, како што рече директорот, ќе се продлабочи соработката помеѓу овие училишта и ќе се зајакне меѓуетничката интеграција на учениците.

Досега, СОУ „Никола Карев„ од Струмица има учествувано на повеќе карневали во земјава и надвор од неа. Минатиот викенд, група ученици од ова училиште беа гости на карневалот во Риека.

СОУ „Никола Карев„ од Струмица веќе 30 години учествува на струмчкиот карневал. Досега се претставени со најразновидни маски, „Снежна бајка“, „Ангели и демони„, „Пауни„, „Арапски ноќи„, Самуиловата војска„, „Спотристи„, „Матуранти“, „Сенки“ и уште многу други.

Препорачуваме:

Здружението на граѓани „Двојна надеж“ одржа промотивна работилница за побезбедна инклузивна заедница

Ѓ. K.

„Таа“ со Оливера Аризанова

Dimitar Micev

Фото – Автобусот на Општина Радовиш заглавен во кал