• Fri. May 17th, 2024

Сомалиецот Мустафа Ахмед ја посети Бетмен куќата во Радовиш

ByЃ. K.

Sep 8, 2023

Сомалиецот Мустафа Ахмед, на инстаграм е познат по неговиот профил Тravelsofmozzy подолго време престојува во Македонија и тука снима забавни видеа, поврзани со нашата култура, начинот на живот, но и нашето секојдневие.

Тој неодамна ја посети и Бетмен куќата во Радовиш.

„Добре дојдовте во куќата на Бетмен“, напиша тој и преку кратко видео ни ги прикажа куќата и дворот, раскажувајќи дека ова е „најкул“ нештото што го видел досега во Македонија.

By Ѓ. K.