• Sun. May 19th, 2024

Советот на Дојран бара да се забрани престој на лица што не се жители на ова општина

ByВане Трајков

Mar 26, 2020

Заради превентива од ширење на коронавирусот, општина Дојран бара од Владата бара да донесе одлука со која ќе забрани  престојот на домашни и странски граѓани кои по лични документи не се жители на ова општина. Ваква одлука донесе Советот на општината по препорака на локалниот совет за превенција и општинскиот штаб за заштита и  спасување  со цел да се намали фрекфенцијата за движење на викендаши во ова туристичко место

Општина Дојран изминатиов период го затвори сите детски и рекреативни игралишта, спортски терени за да се ограничи движењето на граѓаните како превентива од ширењето на Ковид 19 Меѓудругото има забрана и по сите рекреативни патеки во општината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *