• Mon. May 20th, 2024

Со помош на ЕИБ ќе се гради канализационa мрежа во Василево, вели градоначалникот Јанев

ByВане Трајков

Mar 30, 2018

Советот на општина Василево на денешната редовна седница донесе одлука за утврдување приоритетен проект за финансирање од Европската инвестициона банка во висина од еден милион денари. Советниците одлучија тоа да биде изградба на дел од канализациона мрежа во општинскиот центар Василево за што во изминативе месеци се рабоеше на корекција на проектната документација. На денешната седница беа именувани и членови на УО на ЈП Турија , кои како што кажа градоначалникот Марјан Јанев ќе бидат вистински контролори на работењето на ова комунално претпријатие во надлежност на општината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *