• Fri. May 17th, 2024

Синоќа избувнал голем пожар на Градскиот стадион во Тетово

Голем пожар синоќа го зафатил Градскиот стадион во Тетово во поттрибинскиот простор, а во огнената стихија изгореле и поголем дел од столчињата на дел од трибините. Пожарот на тетовскиот стадион избувнал вчеравечер и повеќе од еден час противпожарната единица во Тетово се борела да го локализира и изгасне. Огнениот пламен се појавил под трибините и ги зафатил локалите.

Причинета е материјална штета, а пожарот го гаснеле четири возила со девет пожарникари.

„Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради фрлање струја, односно ненадеен проток, кратки споеви, експлозии и бидејќи водата е спроводник, не можевме веднаш да интервенираме и тоа го сторивме кога беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно проширување на огнот“, изјави командирот на Противпожарната бригада, Ука Алити, по успешната интервенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *