• Fri. May 17th, 2024

Синдикалните организации на ССМ во Струмица се приклучија на штрајкот

ByВане Трајков

Jun 22, 2022

Членовите на синидкалните организации на трите локални јавни претпријатија Комуналец, Струмица Гас и Паркиралишта, како и  од општина Струмица но и од Основниот суд Струмица и ЈП Македонски Шуми подржница Беласица Струмица денеска се приклучија на штрајкот што го организира ССМ. Тие денеска штрајкуваа на работните места а во период од 11 до 12 часот излегоа и во кругот на своите институции. Денеска работеа со 10 одсто од капацитетот на инстиуциите а во ЈП Комуналец заради специфичноста на претпријатието има дежурни екипи во Воводовод и Канализација, Пречистителна станица

Како што не информираше Бранко Ѓеоргиев регионален координатор на ССМ за Струмица штрајкот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Членовите на ССМ бараат линеарно покачување на платите за 2 806 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *