Регион

Седларци-едно од најорганизираните села во општина Василево

Седларци се наога во подножјето на планината Еленица, на левата страна од регионалниот пат Струмица-Радовиш-Штип, на надморска височина од 320 метри. Денешното село има старо потекло. Се споменува уште во средниот век, во 1395 година и тоа со името Седларци. Топонимот на населбата е изведен од општата именка „седлар“ во значење на „лице кое се занимава со изработка на седла за добиток“, и од наставката „ци“. На пример работоспособните жители на денешно Седларци, изработувале седла за војничките коњи. Оттука , според легендата, потекнува и името на село Седларци.

Со тек на времето, Седларци се развива и прераснува во прекрасна населба за живеење. Асфалтирани се повеќе улици, има водовод, канализација,училиште, црква, а од неодамна во селото беше отворено и повеќенаменско игралиште за жителите од овој крај. Тие отсекогаш се грижеле за доброто на месното население, биле сложни и заеднички ги решавале проблемите во селото. За тоа говори и фактот што со сопствени средства имаат изградено водовод .

Порано во Седларци се одгледувало памук и афион. Но со тек на времето, овие култури умираат, па сега жителите од ова село се насочени главно кон одгледување на тутун и жито.

Денес во Седларци живеат околу 350 жители и има повеќе од 90 домаќинства.

Препорачуваме:

Дури 60 отсто повисока вредноста на трансакциите во онлајн трговијата

Струмица ги кани жителите на Софилар на консултативен состанок

Игор од Богданци се оперираше но останува на терапија во Турција вели мајката Живка