• Mon. May 13th, 2024

Се сруши авион во Русија, патниците се спасија, пилотите загинаа

Авион марка „Ан-24“ на руската авиокомпанија „Ангара“ се сруши во руската област Бурџатија. Двајцата пилоти кои го управуваа леталото загинаа, но сите патници во авионот го преживеаја падот.

Локалните медиуми јавуваат дека сите 42 патници биле живи извадени од остатоците од авионот, а 19 од нив завршиле во болница поради повреди.

На авионот кратко по полетувањето му откажал едниот мотор, па пилотите одлучиле да се вратат од местото на полетувањето. Додека се обидел да слета, авионот удрил во фабриката за прочистување на вода, по што се запалил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *