• Sun. May 19th, 2024

Се рушат објектите на просторот кај маларичната во Струмица

ByВане Трајков

May 11, 2023

Градоначалниот на Струмица Костадин Костадинов објави дека денеска почнала постпката за рушење на објектитена просторот кај маларичната. Тој подвлече дека се решава долгогодишен проблем

,,Ветив дека ќе работам во интерес на граѓаните и ќе го слушам нивниот глас, тоа и го правам. Го решаваме долгодишниот проблем со просторот на којшто се наоѓа „маларичната“ болница во Струмица. Денеска започна рушењето на овој стар објект и останатите придружни времени објекти, а по целосното расчистување тука ќе изградиме повеќенаменско игралиште и паркинг. Им благодарам на граѓаните од Турското маало за разбирањето и поддршката.,, објави градоначланикот Костадинов на својот ФБ страна