• Mon. May 27th, 2024

Се одбележа Неделата на борбата против дијабетес под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“

ByЃ. K.

Oct 12, 2023

На ден 12.10.2023 (четврток) се одбележа Неделата на борбата против дијабетес под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“, со предавање на прим д-р Васил Тунев на негувателите на стари лица во Општина Ново Село, каде се мереше и шеќер во крвта.

Целта на кампањата е подигнување на јавната свест кај населението, за тоа што претставува дијабетесот и негова превентива преку воспоставување на здрави животни навики.

Шеќерната болест (дијабетес) е хронично заболување, кое се јавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин или пак кога веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи. Смртноста од оваа болест на годишно ниво е застапена со 5%. Најголем број на случаи заболени од дијабетес се на возраст од 45 до 64 години. Во Република Северна Македонија има околу 200.000 лица со дијабет тип 1 и тип 28.

By Ѓ. K.