• Thu. May 16th, 2024

СВР Струмица го одбележа Денот на полицијата

Полициската работа бара посветеност и одговорност. Професионалниот ангажман на полицијата е клучен за заштита на граѓаните, нивните имоти и права. Ова беше истакнато на денешната свеченост по повод Денот на полицијата. Началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски нагласи дека остануваат на ниво на задачите.

СВР Струмица им додели благодарници на сите свои партнери и соработници во остварување и реализација на активностите. Пехари добија и победниците на турнирот во мал фудбал организиран по повод Денот на полицијата.

Денеска претставници на полицијата предводени од началникот им оддадоа почит на нивните загинати колеги.

Во склоп на празничната агенда отворени беа и изложбите на ликовни творби и на резбани ракотворби на Делчо Постолов овластено службено лице и Добре Димитров, полициски службеник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *