Забава

Свежата зелка штити од рак

Изобилството со витамин Ц и сулфур кои се наоѓаат во зелката се одговорни за тоа што овој зеленчук успешно ги отстранува слободните радикали и мочната киселина, а кои се главни виновници за кожните болести и реумата. Освен тоа, свежата зелка ја спречува апсорпцијата на маснотиите по оброкот и на тој начин го намалува нивото на холестерол, пренесува Плусинфо.

Во текот на џвакањето и сечкањето на зелката се ослободуваат изотиоцијанати и индоли, супстанции за кои е докажано дека дејствуваат превентивно против ракот.

Свежата зелка помага и кај слабокрвноста, несоницата, депресијата и анксиозноста, додека варената зелка е одлична за детоксикација и е едно од најдобрите средства против напнатост, анксиозност, слабост и лоша концентрација. Многубројни студии потврдиле дека луѓето кои често јадат зелка имаат проблеми со варењето, дебелото црево, белите дробови и кожата.

Исто така, лицата кои имаат високо ниво на антиоксиданти добиени од храната поретко заболуваат од срцеви болести, мозочен удар и катаракта.Чаша свежо цедена зелка дневно го подобрува општото здравје и ги намалува или целосно отстранува проблемите со цревата, но и проблемите на респираторниот и уринарниот тракт.Облоги со медКако лек, зелката најчесто се применува во вид на облог. Особено тие се делотворни кога станува збор за упорна кашлица и бронхит.

За таа намена лист од зелка ставете неколку минути во врела вода, да стане топол и мек. Потоа, едната страна намачкајте ја со мед. Страната каде што е медот ставете ја на градите на болниот. Одозгора ставете ќесе и обвиткајте го со шал или крпа. Оваа облога најдобро е да ја ставате пред спиење, а вреди да повторувате пет до седум вечери. Истата облога многу е успешна и за раничките кои се појавуваат на усните како последица на херпес.

Препорачуваме:

Велика Британија се подготвува за евентуална смрт на кралицата Елизабета Втора

Сузана Мицева

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Сузана Мицева