Свет

САД отворија истрага против „Гугл“, „Ејпл“, „Фејсбук“ и „Амазон“

Министерството за правда на САД соопшти дека отвора истрага за големите компании за дигитална технологија, за тоа дали учествуваат во антиконкурентски практики.

Истрагата е со цел да се утврди како водечките онлајн платформи на пазарот добиле моќ, дали ѝ наштетуваат на конкуренцијата, дали ги потиснуваат иновациите или на друг начин ги оштетуваат потрошувачите.

Не е прецизирано кои се тие компании, но се наведува дека во разгледувањето ќе се земе предвид загриженоста за „пребарување, социјални медиуми и некои малопродажни услуги на интернет“.

„Без дисциплина во пазарната конкуренција, дигиталните платформи можат да дејствуваат на начин што не одговара на барањата на потрошувачите, изјави во соопштение помошник-државниот адвокат Макан Делрахим, раководител на Одделот за заштита на пазарната конкуренција.

Некои американски медиуми во јуни објавија дека Министерството за правда планира да испита дали „Амазон“, „Епл“, „Фејсбук“ и „Гугл“ ја злоупотребиле својата пазарна моќ.

извор:makfax

Препорачуваме:

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Сузана Мицева

Евакуирани два аеродорми во Варшава поради дојава за бомба

Советот за безбедност на ОН ќе ја одржи првата седница за вештачка интелигенција

Ѓ. K.