• Sat. May 18th, 2024

Сабота пред Прочка: Денеска е „Умрело дете за баничка“

ByЃ. K.

Mar 16, 2024

Според православната вера, денеска е сабота пред Прочка, што е празник со традицијата наречена и како „Умрело дете за баничка“.

Легендата кажува дека некогаш на овој ден сиромашно дете барало да јаде баница со сирење, но неговите родители не можеле да му ја направат, ниту некој друг му дал да јаде.

Во нашите домови традиционално се подготвува пита-баница со сирење во чест на тоа дете и како симбол на последниот ден кога се јадат млечни производи, означувајќи го почетокот на Велигденските пости.

By Ѓ. K.