• Mon. May 20th, 2024

Рокот за аплицирање за субвенции за обработлива земјоделска површина и по грло добиток ќе се продолжи до 12-ти јуни

Рокот за аплицирање за субвенции за обработлива земјоделска површина и по грло добиток ќе се продолжи до 12-ти јуни.

Пролонгирањето на рокот е првично по барање на сточарите и на ветеринарните друштва со цел навреме да ја ажурираат бројната состојба на добитокот, што е еден од условите за аплицирање.

Но, со цел сите земјоделци да имаат еднакви можности за аплицирање, рокот за аплицирање е продолжен за сите земјоделски гранки.

Промената на рокот нема да влијае врз динамиката на исплата на субвенциите. Политиките на МЗШВ се навремена исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни на земјоделците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *