• Fri. May 17th, 2024

Речиси за 50% е намален бројот на ученици во Струмица кои се запишале во средно образование

Алармантна е состојбата со уписите во струмичките средни училишта. Речиси за 50% е намален бројот на ученици кои се запишале во средно образование. Од вкупно 1248 слободни места по конкурс, засега се запишале само 381 ученик, што значи дека во сите средни училишта останаа дури 867 слободни места. Во гимназијата „Јане Сандански“ која е со капацитет од 374 ученика, пријавени се само 126, во СОУ „Димитар Влахов“ од вкупно 374 ученика, запишани се 125, а додека во техничкото средно училиште „Никола Карев„, кое според конкурс има 500 слободни места, засега се запишани само 130 ученика.

Причината за драстично намалениот број на ученици се должи на фактот што пред седум години осмолетката се спои со деветолетката, вели Киров. Другиот проблем тој го гледа во иселувањето.

Второто пријавување од првиот уписен рок ќе биде на 4 јули, а додека вториот уписен рок за сите оние кои не успеале да се запишат во средно образование ќе е во август. Надлежните не очекуваат голема промена во резултатите, бидејќи според нив повеќе од 90% од учениците веќе се запишани.