• Fri. May 17th, 2024

Раноградинари од Куклиш тврдат дека проелтната зелка се откупува по 10 денари а не 15 како што најави министерството

Земјоделците од Кукиш ги повикуваат министерството за земјоделие и надлежниот инспекторат да ја проверат состојбата на терен и да се уверат дека не се почитува мерката што ја најави министерството дека до 20 април цената на пролетната зелка нема да биде под 15 денари за килограм. Во писмото до медиумите и министерството за земјоделство тие велат: 

„Ние раноградинарите од с. Куклиш, струмичко, веруваме дека и другите раноградинари од регионот и пошироко се среќаваат со потешкоти и нерегуларности со пласманот и цената на нашите раноградинарски култури како што во моментот е пролетната зелка. Поголем дел од нашите производи се извезуваат директно од откупните центри. Во монентов повеќето не откупуваат пролетна зелка, а дел од нив откупуваат но по цена од 10 денари за килограм. Тоа е за 5 денари помалку од зададената цена од министерството за земјоделие којашто требаше да биде задржана до 20 април. Ние го повикуваме министерот и заменик министерот за МЗШВ да превземат мерки во најбрз можен период“, стои во сооопштението на раноградинарите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *