• Tue. May 21st, 2024

Променливото време предизвикува штети во земјоделството и овоштарството

Променливото време и ниските утрински температури можат штетно да влијаат врз овошките и раноградинарските култури. Дел од раноградинарите велат дека ваквата состојба ќе се одрази врз квалитетот и родот на краставиците,доматите и зелката. Ако земјоделците забележат некои штетници и габни заболувања на своите растенија, треба да превземат одредени агротехнички мерки, велат агрономите.

Секој оној кој сака сериозно да се занимава со земјоделство треба да се грижи и за заштита на своите производи, вели Петар Ѓоргиевски од Мрежата за рурален развој. Затоа треба да се превземат одредени мерки за заштита од климатските промени во земјоделството.

Климатските промени се реалност насекаде во светот, а според анализите на експертите, Македонија може да очекува екстремни варијации во температурата, кои ќе имаат штетни последици врз земјоделскиот сектор.