• Mon. May 20th, 2024

Продолжуваат активностите на реконструкција на Домот на културата во Василево

Продолжуваат активностите на реконструкција на Домот на културата во Василево

радоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес изврши увид во текот на градежните активности на Домот на културата во Василево, кои после подолг прекин  продолжија.

„После подолг временески период на стагнација, продолжија градежните активности на реконструкција, адаптација и санација на Домот на културата во населеното место Василево.  Реализацијата на овој проект, со оглед на неговото значење не само за  жителите на населеното место Василево туку и за жителите од целата општина е од особено значење, поради што после интервенција од наша страна, по период на подолг застој, успеавме да продолжиме  со реализација на планираните активности“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Реконструкцијата е целосна и опфаќа демонтажа (рушење) на постоечката кровна конструкција,  постоечките плафони, преградните ѕидови, демонтажа на постојната бина и комплетната столарија (врати и прозорци), и изградба, набавка  и монтажа на копмплетно нови елементи и конструкции, со што постојниот објект, со сите негови простории ќе биде целосно нов и функционален.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 13 700 000 денари од кои околу 10 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој и Владата на РСМакедонија, а остатокот, со Одлука на Советот на општина Василево, од општинската каса.

Сите планирани активности, комплетно треба да бидат завршени во текот на оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *