• Mon. May 20th, 2024

Продолжува активната мерка за отворање нови работни места во граѓанските организации

????????????????????????????????????

Продолжува активната мерка за отворање нови работни места во граѓанските организации, како дел од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот.Во рамките на оваа програма проектирани се 50 нови работни места од страна на министерството за труд и социјалана политика , а Владата од буџетот за неа одвои 6 ипол милиони денари.

Со оваа програма се реализираат две многу важни развојни цели: обезбедување квалитетни работни места и достојна работа и поддршка на невладиниот сектор. Затоа го охрабруваме невладиниот сектор да се вклучи во активен дијалог со цел креирање најсоодветна мерка за поддршка за отворање нови работни места

Право на аплицирање имаат работодавачите од граѓанските организации кои сакаат да ја прошират и да ја развијат својата организација со отворање нови работни места.

Критерумите се избор на невладини организации: да бидат најмалку 1 година регистрирани, да имаат најмалку 1 вработен, да имаат евидентирано економска активност за минатата година и да имаат регистрирано седиште во Република Македонија.Акцент со мерките е ставен на зголемување на вработеноста на младите лица до 29 години, па така поддршката за вработување лице над 29 години изнесува 92.000 денари, а за лица под 29 години 153.750 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *