• Mon. May 27th, 2024

Продолжен рокот за поднесување годишна сметка

Продолжен рокот за поднесување годишна сметка

По барањата пристигнати до Владата на Република Северна Македонија и до Централниот регистар за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар излегува пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка.

Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19, а со цел  запазување на законските рокови.

Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка. Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *