• Fri. May 17th, 2024

Пријави до МВР: Агитација и расфрлање летоци

МВР попладнево дополнително информираше за пет пријави за нарушување на изборниот процес – фотографирање на гласачко ливче, фотографирање на избирачки одбор и недозволена агитација.

„Зад основното училиште Невена Георгиева – Дуња, надвор од гласачкото место, пронајдени се околу 10 летоци со содржина во врска со претседателските избори. Исто така, на улица Коста Новаковиќ во Скопје, во две згради, од страна на граѓани, е пријавено дека има расфрлени летоци со со содржина во врска со претседателските избори“, соопшти МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *