• Sun. May 19th, 2024

Приведен крадец од Струмица, украденото вратено на сопствениците

ByЃ. K.

Jul 21, 2023

Вчера, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 40-годишниот Г.К. од Струмица. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил тешка кражба, при што од возилото на Д.Н. одзел паричник, извести МВР.

  • Кај него бил пронајден паричникот, а биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од тешка кражба во здравствена установа во село Водоча, струмичко и тешка кражба, при што од Б.Ц. одзел личен предмет, соопшти МВР.

Пронајдените предмети биле вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

By Ѓ. K.