• Sun. May 19th, 2024

Приведен крадец во струмичко за издржување казна затвор од три години

На 09.03.2023 во 15.50 часот во с.Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(32) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.