• Sat. May 18th, 2024

Приведен дилер од Гевгелија, пронајдена дрога

ByВане Трајков

Dec 11, 2021

На 10.12.2021 во 16.20 часот во Гевгелија во рамки на оперативна акција од полициски службеници од ОВР Гевгелија- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена судска наредба, е лишен од слобода И.Д.(30) од Гевгелија, затоа што во неговиот дом и помошни простории во Гевгелија и во патничко моторно возило “фолксваген туран“ со гевгелиски регистарски ознаки се пронајдени: прашкаста материја, тврда материја, 11 таблети, 98 капсули, банкноти со остатоци од прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *